Unlimited WordPress themes, graphics, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Code
  2. WordPress
Code

Преместување на Wordpress: Преместете ја Вашата Веб Страна од Поддиректориум во Главниот Директориум

by
Difficulty:BeginnerLength:ShortLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Ivo Varsakevski (you can also view the original English article)

Понекогаш се случува да имате потреба да направите Wordpress страна во поддиректориум наместо во главниот директориум на доменот на кој што е хостирана. Понекогаш го правам доколку развивам нова Wordpress страна за да ја заменам статичната веб страна, со тоа што сакам статичната веб страна да ја оставам на место додека на клиентот му давам пристап до новата страна во процесот на одобрување на развивањето. Дури и доколку локално ја развивате страната, понекогаш се јавува потреба да се направи ова.

Кога ја пуштате страната во живо, тогаш не посакувате Вашето URL да биде mojastrana.com/poddirektorium- Вие сакате да биде mojastrana.com. Па затоа можеби размислувате за рачно пренесување на страна од нејзиниот поддиректориум на главниот директориум на страната.

Добрата вест е што немате потреба. Можете да ја оставите страната точно онака како што е поставена и да му кажете на Wordpress што сте направиле со правење неколку измени во опциите и ситни уредувања на неколку датотеки. Ќе одземе пет минути или помалку.

Што Ви е Потребно

За да го следите овој туторијал, потребно ви е:

  • инсталација на Wordpress која е спремна за пуштање во живо
  • FTP клиент или Cpanel File manager
  • уредувач на код

Овој метод ќе работи на стандардна инсталација на Wordpress, и ќе работи со најголем дел од конструкциите или доколку користите родител и дете структурирана тема.

Внимавајте! Овој метод нема да работи за Multisite инсталации, кои секогаш треба да бидат во главниот директориум.

Пред Да Започнете

Пред да го направите ова, добра идеја е да направите бекап на Вашата страна, за секој случај. Употребете го Вашиот префериран плагин за бекап за да го направите ова. Доколку немате инсталирано плагин за бекап пред да ја пуштите страната во живо, потребно е да го направите!

Ослободете Се од Старата Страна

Дали вашиот клиент има ужасна, застарена, статична веб страна кои што те најмиле да ја надоградиш и преместиш во Wordpress? Сега е вистинското време да ја испратите во историјата.

Одстранете ја Статичната Страна

Доколку веќе постои статична веб страна во главниот директориум, избришете ги фајловите. Јас сум склон да се направи бекап во случај ако мојот клиент одлучи дека му е потребно нешто од старата страна, иако ова се нема се' уште случено.

Одстранување на Wordpress Страна

Доколку веќе постои Wordpress страна во главниот директориум, потребно е да ја одстраните целосно:

  • Исфрлете (избришете) ја датабазата од старата страна користејќи phpMyAdmin. Најверојатно ќе имате 2 датабази: една за старата страна и една за новата. Доколку не сте сигурни која е, проверете во wp-config.php   фајлот и ќе ви покаже која датабаза да ја избришете. За совет околу бришење на датабаза, погледнете го овој линк  на Stack Overflow.
  • Избришете ги сите Wordpress фајлови и папки во главниот директориум, внимателно без да ја избришете папката каде што е вашата нова страна.
  • Внимавајте: не го правете ова доколку немате направено бекап!

Уредување на Опциите На Вашата Нова Страна

Потребно е да уредите две опции на вашата веб страна: permalink-овите и адресата на страната.

Исклучете ги permalink-овите во екранот Permalinks, кој би требало да го најдете во Settings > Permalinks. За да го направите тоа, селектирајте ја Default  опцијата и кликнете на Save Changes.

Во Settings > General, променете ја адресата на вашата страна, но не и адресата на Wordpress. На пример, доколку работите на страната на example.com/development, променете ги опциите во следниве:

Кликнете на Save Changes копчето и преминете на следните чекори пред да пробате да пристапите до вашата страна.

Уредување и Копирање на Фајлови

Пред да можете да пристапите на вашата страна, потребни се ситни уредувања на неколку фајлови, со тоа што Wordpress ќе знае каде да ја најде страната.

Копирање на Фајлови

Употребувајќи FTP или Cpanel file manager, копирајте (не преместувајте) ги следните фајлови во вашиот Wordpress директориум во главниот директориум:

  • index.php
  • .htaccess, доколку имате. Доколку не постои .htaccess фајл ( и фактот дека ги исклучивте permalink-овите означува дека е малку веројатно да имате), не се грижете дека треба да направите нов - само прескокнете го овој чекор.

Уредување на index.php

Уредете го index.php фајлот кој го преместивте. Ова можете да го направите со:

  • уредување локално после преместувњето, користејќи FTP клиент или Cpanel file manager
  • преземајќи го од поддиректориумот, негово уредување и потоа префрлување во неговиот главен директорум - наместо правење копија

Уредувањата што треба да ги направите е на една линија на крајот од фајлот. Пронајдете ја линијата како што следи:

И заменете ја со:

Па доколку сте развивале во example.com/development,  само променете ја линијата во:

Зачувајте го новиот index.php фајл.

Последни Чекори

Вратете се во Wordpress админ екранот, вклучете ги permalink-овите повторно, со сите опции кои ви се потребни за вашата страна.

Посетете го главниот домен на вашата страна во пребарувач и ќе ја прикаже страната која е зачувана во поддиректориумот, но нема да го прикажува во URL, кое пак ќе биде прикажувано како главното URL. И тоа е се!

Преглед

Како што можете да забележите, преместувањето на Wordpress од поддиректориум во главниот директориум е неверојатно едноставно и не бара во целост да го преместувате Wordpress. Доволно е само да се променат некои опции, копираат и уредат неколку фајлови и се' е средено.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.