Unlimited Plugins, WordPress themes, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Code
  2. WordPress

Командна линија на WordPress

by
Difficulty:BeginnerLength:ShortLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Afrim Jusufi (you can also view the original English article)

Final product image
What You'll Be Creating

Програмерите и корисниците на WordPress се веќе запознати со административниот панел /wp-admin и како тој работи.

Овој водич е наменет за корисниците и администраторите. Често пати ги слушам како се жалат за WordPress (особено систем администраторите) за тоа дека, поради испреплетеноста на опциите за конфигурација на административниот панел на WordPress, често пати се збунети и несигурни каде да кликнат или да запаметат каде се наоѓа одредена функција. Бидејќи сето тоа зависи од креаторите на плагините, не постои централен начин за интеракција со WordPress, како вистински директен команден интерфејс.

Па, тоа време е стварно поминато бидејќи  WordPress ја има сега алатката командна линија, која сериозно можи да ви заштеди време. 

Превземете ја алатката

Симнете го  WP-CLI  со следниот код на командната линија:

Проверете дали функционира со:

За да ја поставите ова, како wp  команда која е достапна насекаде, извршете го следното:

Ова ќе ја бара вашата root лозинка за завршување на командата sudo.

За официјалното упатство, одете на WP-CLI веб-страницата за да добиете подетални инструкции и информации за проектот WP-CLI (како што се прашањата за MAMP конфигурацијата и други кориснички теми за поддршка)

Примена

За да ја употребувате алатката WP-CLI, само со cd преминете во директоријумот на WordPress инсталацијата и активирајте wp:

Работењето со алатките wp е многу интуитивно. Сите функции можите да ги извршувате сега од алатката  базирана на прелистувач, на командната линија. Креирање на блог, извршување на код, поддршка на плагини - сето тоа е тука. 

За да научите повеќе за функционалноста на wp, само стартувајте wp help <command>, нпр.:

Одовде можите да извршите надградба на WordPress со update или само да проверите дали е потребна со check-update.

Бекап

За да направите бекап на WordPress со CLI, само извршете:

Ова ќе ви обезбеди еден некомпримиран бекап и SQL документ со кои можите да креирате еден тарбал:

Враќање од сигурносната копија (бекап)

Поставете го webroot на вашиот сервер во директориумот креиран од wp db export командата и увезете го .SQL со mysql како што е:

Инсталација на плагин

За да инсталирате плагин, едноставно можите да стартувате:

Вие можите да проверите кои плагини се инсталирани со wp plugin list:

Овој плагин можите да го вклучите (on) или да го исклучите (off)  со activate или deactivate како што следи:

Повеќестранична инсталација 

За да овозможите вашиот wp да работи со повеќестранична инсталација на WordPress, едноставно треба да го поминете --url аргументот како што следи:

Доколку сакате wp да го запамети вашата --url конфигурација, можите да го наведите на wp-cli.yml, кој мора да биди лоциран во вашиот WordPress директориум (root).

Додадете го следното на вашето wp-cli.yml:

Сега ќе можете да го изоставите  --url аргументот од вашите команди на wp, на пример:

Ова ќе ја прочита конфигурацијата од wp-cli.yml и ќе го преведе  --url test.example.com за вас.

Заклучок

За да проверите дали има надградби, да направите резервна копија на WordPress, да додадете или отстраните плагини или да ја промените темата, сето тоа можите да го направите сега без да ја напуштите командната линија. Ова го прави wp-cli навистина многу моќна алатка.

За повеќе информации за проширување на алатката wp-cli уште повеќе, продолжете со читањето на прирачникот WP-CLI manual.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.