Students Save 30%! Learn & create with unlimited courses & creative assets Students Save 30%! Save Now
Advertisement
  1. Code
  2. PHP
Code

Нов курс: Основи на PHP

by
Length:QuickLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Vladimir Cvetkoski / Владимир Цветкоски (you can also view the original English article)

Сакате ли сеопфатен вовед во PHP? Сеопфатен, седумчасовен, со 34 видео клипови? Пробајте го, тогаш, нашиот нов курс, Основи на PHP.

Што се учи

Во овој курс, инструкторот Џереми Макпик од Envato Tuts+ ќе ви ги покаже основите на PHP. Ќе започнете со самите основи, ќе користите променливи и ќе пишувате едноставни циклуси и функции, пред да се надоградите за да пишувате класи за едноставно објектно-ориентирано програмирање (ООП).

Потоа, ќе ги научите сите најважни вештни за пишување веб-апликации: ќе вежбате како да одговорите на GET и POST повици, ќе парсате JSON, ќе автентицирате корисници и ќе ја користите базата на податоци MySQL.

Следуваат неколку бесплатни лекции од курсот, како преглед од она што ве чека:

Синтакса и променливи во PHP

Секој јазик си поседува своја синтакса. Во овој видео клип, ќе научите за основите на PHP, и ќе научите како да скларидате податоци во меморијата со помош на променливи.

Пријавување грешки во PHP

Известувањата за грешки се важни за програмерите —тие ни кажуваат зошто и каде нешто тргнало наопаку. Во принцип, PHP грешките не се гледаат во прелистувачот, па во овој клип ќе научите како да ја видоизмените конфигурацијата на PHP за да прикажува известувања за грешки.

Услови и одлуки во PHP

Речиси секоја апликација што ја пишувате ќе мора да донесе некаква одлука и да одговори на зададени услови. Во овој видео клип, ќе научите за условите и одлуките.

Запишете се на курсот

Запишете се на нашиот нов курс веднаш со претплата кај Envato Elements. За симболична месечна сума, добивате пристап не само до овој курс но и до нашата растечка библиотека од над 1,000 видео курсеви и најквалитетните стручни е-книги на Envato Tuts+.

Освен тоа, од огромната библиотека на Envato Elements со повеќе од 300,000 креативни содржини ќе добиете неограничен број содржини за симнување. Создавајте со уникатни фонтови, фотографии, слики и шаблони, и испорачувајте подобри проекти побрзо.

Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.