Unlimited Plugins, WordPress themes, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Code
  2. PHP

15 најдобри PHP-скрипти за календари, резервации и организирање настани

by
Length:LongLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Vladimir Cvetkoski / Владимир Цветкоски (you can also view the original English article)

Постојат повеќе причини зошто PHP-скриптите за календари, закажување и планирање настани се неопходен додаток за вашиот вебсајт. Ако, да речеме, доставувате некаква услуга, има смисла да користите систем за закажување состаноци на вашиот портал што им овозможува на потенцијалните корисници да видат кога сте достапни и да одберат време и датум за да закажат состанок кога им одговара. Ова ќе ви заштеди непотребни телефонски повици кон вашата фирма за закажување состанок и ќе ви ослободи повеќе време вам и на вашите вработени за други задачи.

Онлајн календарите се, исто така, корисни за фирми од секаква големина со тоа што им помагаат на членовите на тимот да споделуваат настани и задачи, и да бидат заедно во чекор со она што го работат другите членови.

Но тие не се полезни само за компаниите. Уметниците, писателите, изведувачите, блогерите и другите јавни дејци можат да ги искористат е-календарите за да ги известат своите почитувачи и фанови кога и каде ги одржуваат јавните настапи.

Со сето ова предвид, составивме список од 15 најдобри PHP скрипти за календари, закажувачи & организатори достапни на CodeCanyon, за да ви помогнеме да го изберете оној што ви одговара.

1. Cleanto - Appointment Booking System

Системот за закажување состаноци Clemento тукушто влезе на пазарот кон крајот на минатата година и веќе се докажува како солидна скрипта. Овој систем за закажување состаноци е идеален за различни видови услужни компании што бараат сигурен начин да им обезбедат целосно опремен онлајн систем за резервации на своите клиенти.

Cleanto

Истакнати функциоалности:

  • платежни методи PayPal/Authorize.Net/Stripe 
  • е-поштенски потсетници 
  • закажување преку самопотврда
  • можност за додавање паузи во распоредот
  • можност за извесување податоци за закажување, корисниси и услуги
  • и многу други...

Cleanto - Appointment Booking System е солидна опција за сопствениците на бизниси што сакаат да им обезбедат на своите клиенти и потрошувачи сигурен онлајн систем за резервации.

2. Booking System

Скриптата The Booking System е друг систем за закажување состаноци што нуди четири различни календари за обработка на онлајн резервации за секоја индустрија.

Booking System

Истакнати функциоалности:

  • интергација со PayPal
  • управување со даноци и валути
  • опција за извезување во Google Calendar/iCal/Outlook
  • распоред во PDF за печатење
  • и многу други...

Booking System е еден од најпродаваните PHP скрипти за календар на CodeCanyon и е одличен избор за сите што бараат сигурен систем за резервирање состаноци.

3. PHP Events Calendar Control

Скриптата PHP Events Calendar Control нуди широк опсег на функции, како објавување и прегледување настани од календарот и статистички информации во дизајн што лесен за користење. Може да се конфигурира да дава пристап до разни видови на корисници.

PHP Events Calendar Control

Истакнати фунционалности:

  • можност за организирање според настани, категории, локации, учесници или статистика
  • можност за доделување настани на различни корисници
  • можност за доделување различни права на пристап за корисниците
  • годишни, месечни, неделни и дневни прегледи
  • и многу други...

PHP Events Calendar Control постои веќе извесно време и е добра и сигурна скрипта.

4. Employee Work Schedule / Multi-calendar

Employee Work Schedule/Multi-calendar е полн со функционалности што на компаниите ќе им бидат полезни за управување тимска продуктивност. Календарот може да се нагоди така што ќе даде пристап до избраните членови на тимот и му овозможува на администраторот да доделува задачи или, обратно, членовите на тимот можат да ги снимаат сопствените задачи или состаноци.

Employee Work Schedule Multi-calendar

Истакнати функционалности:

  • јавни, приватни или групни календари
  • дијалог-прозорец за додавање, уредување и бришење ставки
  • администраторите и корисниците можат да создаваат календари
  • поддржува повторливи настани
  • и многу други...

Employee Work Schedule / Multi-calendar е идеален избор за мали или големи компании што бараат начин да ги усогласат вработените да бидат во тек со задачите и со настаните на коишто работат.

5. Vacation Rentals Booking Calendar

Vacation Rentals Booking Calendar е онлајн календарска скрипта за резервирање одморски престој под наем со која сопствениците на имоти или агенциите можат да создаваат и да управуваат со календарската достапност на нивните имоти за наем.

 Vacation Rentals Booking Calendar

Истакнати функционалности:

  • мошне приспособлив
  • известувања за сопственикот / администраторот по е-пораки 
  • вести за достапност преку XML/JSON  
  • извоз на календари во формат на iCalendar 
  • и многу други...

Ако сте сопственик на имот за наем или агенција, Vacation Rentals Booking Calendar е одличен избор на календар за резервации што ќе ви помогне да управувате со вашите имоти.

6. Events Calendar

Events Calendar ви овозможува да создадете неколку календари посветени на различни локации или категории. Секој настан во календарот доаѓа со сопствен анимиран елемент што ви овозможува да додавате важни детали како почеток и крај на секој настан, текстуален опис, фотографии, видеа, мапа на локацијата итн.

Events Calendar

Истакнати функционалности:

  • можност за создавање неограничен број календари
  • можност за преглед на детали преку лизгачки елемент
  • можност за додавање видео-клипови и фото-галерија за секој настан
  • можност за додавање линк од вебсајт кон настанот
  • и повеќе...

Опсегот на можностите што ги нуди Events Calendar ќе им се допадне на многу корисници.

7. Ajax Full Featured Calendar 2

Ajax Full Featured Calendar 2 е мошне прилагодлив личен календар дизајниран да ви помогне да се организирате. Ова е најпродаваната надградба на уште еден долгогодишен бестселер, Ajax Full Featured Calendar.

Ajax Full Featured Calendar 2

Истакнати функционалности:

  • верзии на PHP & JS со PHP класи
  • опција за автоматско вградување на YouTube, Vimeo, Dailymotion, SoundCloud итн.
  • можност за извоз на каледндар и настани во iCal формат
  • поддржува повторливи настани
  • и многу други...

Ajax Full Featured Calendar 2 е повеќефункционален календар чијашто едноставност и голема привлечност го прават убав.

8. PHP Event Calendar

Уште еден бестселер на CodeCanyon, чијашто основна функција е да прикажува настани во календарот на вашата веб-страница, е PHP Event Calendar.

PHP Event Calendar

Истакнати фунционалности:

  • компатибилен со сите прелистувачи (IE6 +, FF, Safari)
  • лесно извезува податоци во iCal или Google календар
  • пребарување
  • едноставно напишана заднина во MySQL
  • и многу други..

Како една од најпродаваните PHP скрипти за календар во CodeCanyon, PHP Event Calendar солидно работи и со мал напор ќе ви помогне да додадете детали за настани на вашата веб-страница.

9. Google, iCal & XML Event List Calendar for PHP

Google, iCal & XML Event List Calendar for PHP е разноврсна скрипта што извлекува настани од вашиот Google Calendar, друг iCal податочен тек или само XML-датотека, и ги претвора во сеопфатен список на настани. Скриптата опфаќа Фејсбук и Твитер линкови за да можете да ја споделите на вашите социјални мрежи.

 Google iCal XML Event List Calendar for PHP

Истакнати функционалности:

  • доаѓа со теми за да го прилагодите календарот кон вашата веб-страница
  • извлекува настани од Google Calendar, iCal, или XML
  • интегрирани копчиња од Twitter и Facebook
  • распоред по ден, месец и година
  • и многу други...

Google, iCal & XML Event List Calendar for PHP нуди прекрасни можности за претворање на настаните раширени низ вашиот календар во прегледен список.

10. Freelance Calendar

Скриптата Freelance Calendar е создадена да го надополни системот Ultimate Client Manager (UCM). Прикажува секакви известувања и задачи од UCM системот во вашиот личен календар.

Freelance Calendar

Истакнати функционалности:

  • отворен код
  • интегрирано плаќање преку PayPal
  • складирање и пребарување информации за клиенти, контакт-детали, итн.
  • можност за контола на пермисии за персоналот да го гледа само она што сакате
  • и многу други...

Не мора да работите како хонорарец за да уживате во Freelance Calendar - скриптата е совршена алатка за организирање за секого што го користи системот UCM.

11. CIFullCalendar v3

CIFullCalendar v3 им овозможува на корисниците лесно да ги организираат, планираат, уредуваат и споделуваат настаните во календарот со повлекување, спуштање, менување големина, кликање, допирање, категоризација, поврзување итн.

CIFullCalendar v3

Истакнати функционалности:

  • увоз/извоз на настани
  • споделување настани меѓу корисници од различни групи
  • уредување настани преку влечење
  • опција за печатење
  • и многу други...

CIFullCalendar v3 е одличен избор за бизниси или групи што сакаат да соработуваат онлајн и да останат во тек со распоредот на другите.

12. File Download Calendar

File Download Calendar е уникатен меѓу календарите на овој список. Неговата функција е да создаде календар од датотеки што можат да се преземат на дневна, неделна, месечна или годишна основа.

File Download Calendar

Истакнати функционалности:

  • администраторски панел за датотечно управуање
  • дневни, неделни, месечн и годишни прегледи
  • симнување датотели преку календар
  • целосно прилагодлив поглед
  • и многу други...

File Download Calendar е едноставна скрипта што ќе им се допадне на оние на кои им е потребна опција за преземање извештаи или други датотеки според предодреден распоред.

13. Event Calendar - PHP/MYSQL Plugin

Напишан со помош на FullCalendar, бибиотеката на jQuery, и интегриран во мрежниот распоред на Bootstrap, Event Calendar им овозможува на корисниците да ги организираат и планираат своите настани.

Event Calendar - PHPMYSQL Plugin

Истакнати функционалности:

  • создавање нови видови на настани
  • можност за додавање полиња како наслов, боја, опис, линк и фотографија
  • фонтови од Google Fonts и икони од Font Awesome
  • и многу други...

Да се остане организиран и да се планираат настани во денешниот брз и сѐ поповрзан свет, знае да биде предизвик но со додатокот Event Calendar - PHP/MYSQL Plugin ќе стане лесно.

14. FacebookEvents Calendar For PHP

Со скриптата Facebook Events Calendar For PHP, можете да ги прикажете сите свои Фејсбук настани во календар по ваш избор од три распореди: целосен, компактен или список со детали за настаните. Ваквиот календар можете да го ставите насекаде на вашата веб-страница.

Facebook Events Calendar For PHP

Истакнати функционалности:

  • преглед на настани во вид на календар или список 
  • брз преглед на информации за настан во скок-прозорец
  • лесен за инсталирање и интергрирање во вебсајт
  • и многу други...

FacebookEvents Calendar For PHP ќе им се допадне на сите што сакаат да ги интегрираат своите календари со настаните од Фејсбук без здодевното копирање и вметнување.

15. eCalendar - Responsive Events Calendar

Едноставно, eCalendar - Responsive Events Calendar е дизајниран да им помогне на поединечните корисници или компании да се организираат со календар што им овозможува на корисниците да додаваат што повеќе настани според потребите, како и детали како наслов на настанот, локација и време итн.

eCalendar - Responsive Events Calendar

Истакнати функционалности:

  • избор меѓу два дизајн-концепти
  • компатибилен со сите прелистувачи (IE8+, Safari, Opera, Chrome, Firefox)
  • настаните се складираат во MySQL база
  • целосно прилагодлив дизајн
  • и многу други...

eCalendar - Responsive Events Calendar е едноставен и многу лесен за користење и ќе им се допадне како на корисници-поединци така и на компаниите.

Заклучок

Овие 15 најдобри скрипти за календари, резервации и настани во PHP само ја гребнаа површината на достапните производи на пазарот Envato Market. Ако ниедна од нив не ви фати око, има многу други одлични опции што ќе ве заинтересираат.

А ако сакате да ги подобрите вашите вештини во PHP, погледнете ги нашите најкорисни и бесплатни курсови по PHP.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.