Unlimited Plugins, WordPress themes, videos & courses! Unlimited asset downloads! From $16.50/m
Advertisement
  1. Code
  2. International Women's Day
Code

10 работи што мажите можат да ги направат за да ги поддржат жените во сферата на технологијата

by
Length:MediumLanguages:

Macedonian (Македонски јазик) translation by Andrijana Mitevska (you can also view the original English article)

Иако не постои недостаток на книги, семинари, статии, итн. создадени за да им помогнат на жените да успеат на работни места на кои доминира машката популација, има многу малку информации наменети да им помогнат на мажите да ги модифицираат своите ставови и однесувања, со цел да се промовира родовата еднаквост на работа.

Ова е проблем, затоа што, ако сме реални, жените никогаш нема да постигнат еднаквост на работното место, или во животот, ако тие се единствениот пол кој се залага за тоа. Мажите треба да бидат дел од решението. Тоа е решение за кое вреди да се борат, ако се земе предвид дека, според една студија на Националниот Центар за Жени и Информатичка Технологија, полово еднаквите компании демонстрираат супериорна тимска динамика и продуктивност, имаат подобри финансиски остварувања, и создаваат тимови кои ги завршуваат обврските навреме и искористуваат помалку од планираниот буџет. Сценарио во кое сите се победници!

Па, како мажите може да бидат дел од решението? Како може тие да бидат сојузници на жените, во индустријата во која доминираат мажи како што е технолошката индустија, каде што бројот на жени е мал и каде што тие се обврзани да се чувствуваат помалку бројни и изолирани?  Во чест на Меѓународниот ден на жената, и темата за кампања што гласи #ПритиснетеЗаНапредок, ви нудам 10 работи кои можат да ги направат мажите за да ги поддржат жените на работните места во сферата на технологијата.


Извор на слика Envato Elements Stock Photo

1. Разберете го поимот привилегија и прифатете го фактот дека ја имате

Пред мажите да можат да помислат на тоа да бидат сојузници на жените, тие мораат прво да ја признаат нивната привилегирана позиција на работното место и во општеството како целина.

Знам дека ова е тешко за голем број луѓе да го разберат, а камоли да го прифатат. Така што, дозволете ми прво да дефинирам што подразбирам под привилегија во овој контекст. Привилегија е "посебно право, предност, или имунитет, доделено или на располагање само на одредена личност или група, а не на другите." Во однос на полот, да се родиш машко - особено белец, хетеросексуалец, и христијанин во една индустриска нација - дава огромна привилегија во споредба со мажите и жените од другите етнички групи, сексуална ориентација, религија, итн. Но, тоа не значи дека не сте работеле напорно за да го постигнете она што го имате, тоа не ги поништува предизвиците кои вие лично сте морале да ги надминете во вашиот живот, ниту пак ќе ве направи виновни за било што!

Што тоа значи е дека, како резултат на една извртена структура на неправда, што не е ваша вина, дури и пред да започнете да чекорите кон своите цели, веќе сте понапред од другите играчи во играта. Тоа значи дека, луѓето кои не се родени со вашата уникатна и сосема случајна комбинација на карактеристики, треба да надминат различни пречки и понекогаш навидум несовладливи потешкотии, само за да стигнат до вашата почетна точка. Со други зборови, тоа значи дека, некои луѓе треба да работат многу повеќе за истите можности кои на вас ви се автоматски дадени.

Исто така, значи дека треба да се преземе одговорност за да се дознае како конфигурацијата на полето за играње влијае на сите играчи. И повеќе од било што, како некој којшто има корист од привилегија, значи да имате сочувство за другите со помалку привилегија и да преземете активни чекори за да им помогнете и да ги поддржите кога ќе можете.

Ако не разбирате што сакам да кажам, еве две видеа кои доста ефикасно демонстрираат како функционира привилегијата:


Ако сакате да го откриете вашиот степен на привилегија, може да се обидете со овој квиз.

2. Препознајте дека родовата нееднаквост има повеќе од едно лице

Иако повеќето жени се соочуваат со некаква форма на полова нееднаквост на работа, не сите жени се соочуваат со тоа на ист начин. Тоа е затоа што дискриминацијата со која жената се соочува на работното место може да се преклопи со нејзините други идентитети: имено, раса, класа, етничка припадност, религија, сексуална ориентација, итн.

Ако феминизмот се бори за правата на жените и промовира еднаквост меѓу половите, интерсекционалниот феминизам го доведува во прашање влијанието кое овие други идентитети, споменати погоре, го имаат врз начинот на кој жените ја доживуваат дискриминацијата.

На пример, бела жена може да биде дискриминирана поради нејзиниот пол, но ја има расната предност во трката, на нејзина страна. Сепак, жена од африканско потекло или лезбејка од Азија може да биде дискриминирана поради нејзиниот пол, етничка припадност, и/или сексуална ориентација.

Поддржувањето на жените на работните места во сферата на технологијата значи дека разбирате дека сексизмот е понекогаш интерсекционален и бара различни нивоа на свест и акција за негово ефикасно разрешување.

3. Вработете, Исплатете, Промовирајте

Многу од проблемите со кои се соочуваат жените во сферата на технологијата започнуваат со практиките на вработување. Ако сте во можност да вработувате во вашата компанија, можете да ги зголемите своите можности за наоѓање на соодветни женски кандидати, така што ќе присуствувате на факултетски саеми за вработување, на факултети кои се само за жени и ќе стапите во контакт со професионални организации, кои се насочени кон жените. Покрај тоа, за да се зголеми веројатноста за достигнување на поголема разновидност на жени, може да побарате професионални организации кои се залагаат за етничките малцинства.

Дури и ако не сте во можност да вработувате во вашата компанија, сѐ уште можете да влијаете на практиките на вработување во вашата компанија, со подигање на свеста за потребата од вработување на поголема разновидност на таленти. Можете да го направите ова со истражување на кандидати со релевантни таленти и предложување на истите како можни опции во одделот за вработување.

4. Залагајте се за фер политики на работните места

Добивање разновидност на жени е добар почеток за било која технолошка компанија, но да се задржат таму, потребни се машки сојузници кои ќе се борат за фер политики на работните места.

Една од најважните политики поддржува фер и праведен надоместок, преку воспоставување на транспарентни плати, врз основа на критериуми како што се образованието и нивото на вештина, перформансот, и тековните пазарни стапки. Други политики, пак, се корисни за сите - како што се флексибилно работно време, работење од дома, дарежливи програми за породилно отсуство на мајките и татковците, како и градинка за деца на самото место. Тие се, исто така, од типот на практики кои можат да бидат од посебна корист за жените, кои се најчесто главните негуватели во семејствата.

5. Земете родителско отсуство

Кога жените во репродуктивниот период ќе се приклучат на работната сила, една од најголемите потешкотии со кои се соочуваат е како да го балансираат мајчинството со нивните професионални аспирации и очекувањата на нивната компанија. Всушност, компаниите често се двоумат да ангажираат жени, поради претпоставката дека тие ќе заминат откако ќе имаат бебе.

Во идеалниот свет кон кој целиме, во едно домаќинство со двајца родители, родителското отсуство не е само проблем на жената, туку проблем кој го дели парот.

Освен тоа што ќе се залагаат за фер политики на работните места, ако повеќе мажи се изјаснат и инсистираат на преземање родителско отсуство, за соодветно да се поделат обврските на родителството, ќе се намали стигмата од отсуствувањето од работа и за жените и за мажите. Тоа ќе помогне да се искоренат мајчинските предрасуди против вработување на жени, бидејќи и жените и мажите ќе се гледаат како потенцијални кандидати за земање отсуство од работа за да се грижат за своите деца.

6. Понудете се да бидете нечиј ментор или спонзор

Менторите и спонзорите се од клучно значење за напредокот во кариерата - а во светот на технологијата, веројатноста да имаат ментор или спонзор, кој ќе им помогне во кариерата и ќе ги поддржи во изнаоѓањето на нови можности, е 50% поголема за мажите отколку за жените.

Елизабет Борџес е сениор менаџер на 12-месечна програма, за лидерство и вмрежување, наречена EverwiseWomen. Таа укажува на тоа дека мажите, кои работат во сферата на технологијата, можат да направат  голема разлика со тоа што ќе наоѓаат помлади жени со висок потенцијал, на кои ќе им бидат ментори или спонзори.

Таа вели дека, за да станете ментор треба:

Да издвоите време со помлада колешка за да и дадете повратни информации, за тоа што таа прави добро и каде може да се подобри. Прашајте ја со какви работни предизвици се соочува и помогнете ѝ да ги надмине.

За да станат спонзори, машките сојузници можат:

Да идентификуваат жена која одлично си ја врши работата, и која би можела да има корист од тоа да биде видена со високи лидери. Осмислете проект што ќе и го доделите или работете со неа за да и помогнете да ја добие таа видливост, и помогнете ѝ да си ја прошири сопствената перцепција за она што таа може да го прави.

7. Бидете свесни за малтретирање

Ако има нешто што научивме од движењата #MeToo и Time's Up, кои оставија силен впечаток на светот во 2017 година, тоа е дека сексуалното малтретирање и злоставување е неконтролирано на работните места. На жените им е доста и веќе не се подготвени да страдаат во тишина.

Ако совесните мажи во технолошката индустрија сакаат да бидат сојузници на жените и да ги поддржуваат, тоа не е доволно за да се избегнат очигледните малтретирања, како што се сексуалните инсинуации, сексистичките шеги, или коментирањето на изгледот на жената.  Мажите исто така мора да имаат храброст да ги потенцираат и пријават ситуациите во кои се појавува малтретирање. Молчењето во однос на половото малтретирање или злоупотреба, е исто што и соучество со сторителот, и ја изолира и деморализира жртвата.

Машките сојузници треба да инсистираат на политиката на нулта толеранција за малтретирање на работното место, и да ја кодифицираат оваа позиција со процедури и обука во врска со законот, како и предлог-стратегии за сведоците и жртвите, за тоа како да реагираат. 

Image Source Envato Elements Stock Photo

8. Дајте им признание на жените за нивните идеи

Друг термин кој стана популарен минатата година е "hepeating" - крадење на идеја, популаризиран од страна на астрономот и професор по физика Никол Гуључи. Таа го објави терминот на Твитер, откако нејзините пријатели го измислиле за да го опишат сценариото, во кое жените ги споделуваат своите идеи на работа и се среќаваат со молк и рамнодушност. Веднаш потоа, истата идеја е предложена од страна на маж кој тврди дека е негова, и сите ентузијастички ја одобруваат.

Оваа иритирачка и фрустрирачка практика им е позната на толку многу луѓе, што твитот на Гуључи доби 200.000 лајкови и 65.000 ретвитови.

Според Вашингтон Пост, жените неодамна смислиле стратегија наречена "засилување" за да му стават крај на ова. Засилување се случува кога другите жени во собата ги слушаат и повторуваат клучните точки, претставени од страна на некоја колешка за време на состанок, и ѝ даваат признание на жената која ја смислила идејата, принудувајќи ги другите во собата да го запомнат придонесот и кој го направил.

Ова е нешто што машките сојузници на жените во сферата на технологијата можат апсолутно да го практикуваат, особено имајќи предвид дека е малку веројатно жените во сферата на технологијата да имаат други женски сојузници во собата.

9. Не ги прекинувајте

Освен што нивните идеи се украдени од машките колеги, неколку студии покажуваат дека кога станува збор за состаноци, поверојатно е жените да бидат прекинати и надзборувани од страна на машки колеги, отколку мажите.

За ова нема многу што да се каже, освен да не го прават тоа. Некултурно е, неучтиво, и не му доликува на еден сојузник!

10. Искажете си ги мислењата

Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат жените, во врска со сексизмот на работното место, е молкот од совесните луѓе. Често, мажите молчат затоа што не знаат како да одговорат. Но, луѓето треба да бидат свесни дека кога тие се тивки, нивното молчење се толкува како поддршка за лошото однесување на другите.

Да се биде сојузник на жените значи, да се забележат сите форми на неправда на кои се изложени жените и да се преземе акција, за сторителот да снесува одговорност и да се поддржи жртвата.

Заклучок

На жените на работните места во сферата на технологијата не им се потребни машки спасители, но добро би им дошле совесни сојузници со интегритет, кои ќе ги поддржуваат. Овие сојузници се подготвени да одговараат за себе и за своите колеги, за да се создаде поздрава и поправедна работна околина за сите, едноставно затоа што тоа е исправно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Looking for something to help kick start your next project?
Envato Market has a range of items for sale to help get you started.